i Екс јавниот обвинител на Основното јавно обвинтелство во Битола, Стевче Тасевски е ослободен од сите обвиненија и ќе мора да биде вратен на работа.
Ова (не)официјално го дознава Порталот на Битолски весник.
Според информации на Битолски весник Стевче Тасевски побарува обештетување заради незаконската пресуда во износ од над 400 илјади евра.
Инаку да потсетиме Стевче Тасевски пред неколку години беше притвирен и подоцна осуден на затворска казна од 4 години.
Тој доби 3 години и 3 месеци затвор за кривичното дело примање награда за наводно противзаконско влијание и 1 година за злоупотреба на службената положба.
Единствената казна затвор која му ја досуди судијата беше 4 години затвор.
Неговиот возач беше осуден на затворска казна од година и половина
Полицијата го затвори обвинителот под сомнение дека заштитувал осомничени за нелегална трговија со оружје со тоа што не ги процесуирал кривичните пријави.
М.М.