Деновиве во Битола ќе се одржи недела на австралиски филм,
Ревијата на филмови ќе ја отвори амбасадорката на Австралија, Рут Стјуарт, в понеделник на 8 април во Центарот за култура Битола.
На отворањето ќе биде прикажана комедијата „Црвениот пес”, филм кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на ААЦТА.
„Неделата на австралиски филм” за прв пат се одржува во Битола и е организирана во соработка со амбасадата на Австралија за Србија, Македонија и Црна Гора, и Кинотека на Македонија.
Во рамките на ревијата филмови ќе бидат прикажани пет филмови .
М.М.