Поранешниот премиер Никола Груевски се бара само по домашна потерница, а не и по меѓународна. Ова денеска го откри шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Обвинителката Русковска нагласи дека и покрај барањата испратени од Обвинителството со целосна документација, Интерпол одбива да ја објави потерницата за Никола Груевски.
„Интерпол не сака да ја објави потерницата за Никола Груевски. Од наша страна е поднесена целосната документација, исто така и барањето, но потерница нема објавено, односно Интерпол одбива да ја објави. Образложение за тоа до нас нема, иако нашето барање е испратено пред повеќе од два месеца“, изјави Рускоска.
Интерпол не објавува межународна потерни