Одбележан Денот на Европа
Posted by: Битолски Весник
in Uncategorized
May 9, 2019
1,317 Views
- По повод Денот на Европа 9 Мај, кога започна пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа, на Плоштадот Магнолија во организација на Општина Битола, ЕУ инфо точката и Делегацијата на ЕУ се одржа традиционалната манифестација посветена на еден од најзначајните датуми во Европа. На поставените штандови, 12 основни училишта од градот ја прикажаа традицијата на дел од земјите членки на ЕУ, со нивните најзначајни карактеристики. Беа претставени Словенија, Романија, Пртугалија, Франција, Шведска, Италија, Бугарија, Хрватска, Германија, Шпанија, Грција и Австрија. „Би рекла дека денес, на овој плоштад ја имаме Европската Унија во мало, онаму, каде што и ние припаѓаме, онаму каде што и ние се стремиме. Благодарност до сите основни училишта, до нивната креативност, во која што денес уживаа сите посетители“, рече градоначалчничката Наташа Петровска. На манифестацијата, на која покрај градоначалничката присуствуваа и советниците во Советот на Општина Битола, директорите на училиштата, настаници, ученици и случајни минувачи, се обрати советникот Методија Илиевски, испраќајќи порака дека ние сме нераскинлив дел од Европа. Во музичкиот дел настапија хорот „Ѕвончиња“ и музичката група „Чупињата“.
9 мај Европа 2019-05-09