Конечно една добра идеја за функционирањето на автобуските постојки.
Деновиве во Битола, на неколку автобуски постојки во градот беа поставени автомати за купување на освежителни пијалоци и кафемати.
Со монтирањето на овие автомати се смени сликата за постојките, кои до пред извесно време служеа како контењери за фрлање на отпад и ѓубре.
Да се надеваме дека сега, откако на постојките се монтирани кафемати за кафе и освежителни пијалоци битолчани ќе се потрудат да не ги уништуваат како досега автобуските постојки и од нив да прават контењери за фрлање отпад.