Заев не кажа нови моменти за “Рекет“
Posted by: Битолски Весник
in Uncategorized
July 31, 2019
1,082 Views
- Во врска денешната посета на премиерот Зоран Заев денеска прес конференција одржа координаторот на ВМРО ДПМНЕ Иванчо Тошевски.
- Почитувани, искрените и добронамерни битолчани можеби ќе помислат, дека Зоран Заев дојде во Битола да објави нови моменти од истрагата за Рекет, оти нели повторно има многу локално и битолско, за жал, и во Рекет, како и во сите досега други афери кои битолчани ги платиле дури и со своите животи.Одамна никој не зборува и не прашува за реализирани проекти и остварени ветувања,битолчани веќе се згрозени, само при споменувањето на именката живот, оти тоа што го ветуваа стана вистинска ноќна мора и за жал страшно секојдневие. Бидејќи, досега ја видовме моралната вертикала на локалците од СДСМ, нивното раководство и Наташа Петровска, за момент помисливме дека Заев можеби дошол во Битола, ете овде, во најградскиот град да објави, дека решил од морални причини да се повлече, да го распушти локалното здружение на СДСМ, а Наташа Петровска од денес ќе се занимава исклучиво со своето сведочење во Рекет и конечно на граѓаните на Битола да им ја обзнани најрадосната вест, дека се ослободени од нејзиното градоначалникување. Ама, почитувани, од сето ова ништо. Аболицираниот за криминал, сега премиер Зоран Заев, дојде пак, очигледно на крајот од патот и заминувањето од власт, уште еднаш да ги излаже битолчани со зелена нафта, дојде да го „одржи“ својот збор за голем инфратструктурен напредок на Битола со промоција на една, замислете, настрешница и уште еднаш дрско, да им се исмее в лице на битолчани.
- Почитувани, Зоран Заев, знае дека од овде од Битола почнуваат сите победи и порази.Зоран Заев знае, дека со последните сили ја посетува Битола во ова својство, свесен дека ова се последните времиња на неговото деспотство во Република Македонија и во Битола. Почитувани, Зоран Заев и Нашата Петровска и денес потврдија, дека во очај само повлекуваат давенички потези, а локалната владеачка коалиција е сведена на функционирањето на една лошо организирана месна заедница.
Заев Тошевски 2019-07-31