Don't Miss
Home / Uncategorized / ДНО

ДНО

Со објавувањето на новите снимки од тоа како Орце Камчев го поткупува Боки 13 за да добие слобода во предмет “ Империја “ се гледа дното на кое се наоѓа државата.

Ова е дно од кое тешко ќе се извлече не само власта туку и сите ние.

Да се доведе една држава Боки 13 да се пазари со Орце Камчев за купување на неговата слобода, а притоа осомничениот во случајот Империја сеуште да биде на слобода, е навистина преседан.

Тоа што најмногу загрижува е што додека македонската јавност веќе два дена е преокупирана со снимките кои ни доаѓаат од Италија ( дали се сечени, лепени, монтирани, или одлепени ) освем Боки 13 и Кичеец на слобода се сите инволвирани во аферата Рекет.

На слобода со пасош во рацете е Орце Камчев кој од снимките се гледа дека со 1,5 милиони евра сакал да си ја купи слободата, а на грчките плажи се капи Катица Јанева, а во моментот на одмор е и Вилма Рускоска.

Случајот “ Рекет “ бара итна и сеопфатна истрага на сите инволивирани и притвор за сите кои снимале и се снимани во ова афера. Без тоа Македонија може да се прости од идејата да биде правна држава.

Обвинтелството треба под итно да ја повикаат Катица и Вилма да ги прекинат одморите и веднаш да продолжи истрагата со притвори за сите инволвирани( тие што снимаат и тие што се снимани ) почнувајки дури и од бабата Лилјана Тодоровска која прими на свое име 720.000 евра од ГП пелистер

Парламентот треба под итно да му ја прифати оставката на Катица и

да се проба овој случај да се расчисти со нов обвинител.

Во спротивно отиде државата во неповрат и не само што нема ништо од ЕУ туку ни од Македонија.

Се се плашам дека ќе не (с)најде судбината на бугарија во која беше воведен валутен борд кој управуваше со земјата додека ја стави на нозе.

М.Младеновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*