Премиерот Зоран Заев, попладнево е во Брисел, каде заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, одржа прес-конференција во обид да издејствува европските лидери да одобрат датум за почеток на преговорите меѓу земјава и ЕУ.
– Почитувани европски лидери, не ги гасете ѕвездите кон кои посегаме, не станувајте наша пречка, бидете наши херои. Европскиот пат е наш единствен пат – рече Заев во почетокот на обраќањето.
Тој нагласи дека вторпат годинава, мекедонскиот народ е во големо исчекување и очекување.
– На крајот на јуни и почетокот на јули од Брисел стигна пораката дека
само заради календарски усогласувања на земјите членки, добрата вест ќе
ни пристигне во октомври. Еве го октомври. Дојдовме во Брисел и ја
очекуваме заслужената вест за одлука за да почнеме преговори за нашата
стратешка цел, членството на Северна Македонија во Европската Унија –
порача премиерот.
Како што кажа тој, земјава ја разбира потребата од нова методологија за преговори и го поддржува тоа, но смета дека и двата процеса можат да одат паралелно.
– После десет позитивни препораки на Европската комисија, јас како
премиер, опозицијата, а особено мојот народ – сигурни сме и убедени,
како никогаш досега, дека треба да започнеме со преговорите – тоа е така
бидејќи сме подготвени и политички и институционално. И граѓаните ни се
повеќе од подготвени – кажа Заев и додаде дека кај народот и меѓу
членовите на Парламентот кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од
Преспа ќе има големо разочарување во случај на негативна одлука.
Премиерот во излагањето му се заблагодарам на комесарот Хан за неговиот
личен ангажман за добивањето на одлуката за преговори и за целиот негов
напор во изминатите години.
– Комесаре Хан, драг Јоханес, ве уверувам дека Република Северна Македонија високо го цени ова и ви ветувам дека никогаш нема да го заборави. Вие сте голем пријател на нашата земја – истакна премиерот и уште еднап ги повика лидерите на ЕУ, да на ја гасат светлата ѕвезда кон која се стремиме.
– Немојте да станувате нашата пречка. Бидете нашите херои – порача Заев.