Ротари клубот “ Битола“ кој е познат по своите хумани активности и акции, денеска во Клиничката болница во Битола донираше апарат “ Неуробиофидбек“ на Одделението за ментално здравје за деца и млади.
Апаратот, кој чини околу 4.000 евра е увезен од Полска и го осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој.
Овој апарат, помага во подобрувањето на меморијата, учењето и мотивацијата кај децата.
Апаратот на Одделението за ментално здравје во Клиничката болница го предаде претседателот на Ротари клубот Битола, Васко Талевски.