Снегот што вчера и денес паѓа(ше) во Битола им донесе непријатности на возачите.
Така, денеска напладне, возач на автомобил “ Спарк “ во возраст од 60 години, поради лизгавиот коловоз и неприлагодена брзина удри во четири паркирани возила на паркингот кај супер маркетот “ Тинекс “ во Нова Битола.
Од ударот е направена материјална штета на возилата.
За среќа во ова асообраќајка не настрада никој од пешаците кои во тој момент пазареа во “ Тинекс“ а кој често се движат на тој паркинг.