Во Битола вчера е извршена тешка кражба во станот на 59- годишниот М.К. при што се одземени пари во различни валути во вредност од околу 500.000 денари. Како што информира битолската полиција, крадецот насилно ја отворил балконската врата од станот и по пребарувањето ги одзел парите.
Полицијата работи на пронаѓањето на сторителот.
Б.В.