Имајќи ги во предвид одлуката на Владата и препораките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ кои се однесуваат за превенција од ширење на корона вирусот и пандемијата што е прогласена од Светската здравствена организација, ЈКП Водовод Битола ги известува потрошувачите дека:
-ќе се воздржи од нивно исклучување поради неплатени сметки, -ќе го ограничи делокругот на работењето на инкасантите, нивната мобилност и контакти со потрошувачите.
Воедно ги повикуваме потрошувачите да помогнат во отчитувањето на мерилата (водомерите) преку пријавување на состојбата, и тоа :
- телефонски број : 047227448 или 0800 33 555 (бесплатен) -email : smetki@vodovodbt.mk
Кај потрошувачите каде нема да биде отчитана состојбата на водомерот ќе се изготви сметка според претходната месечна потрошувачка.
Оваа мерка ќе важи додека се во важност препораките и забраните од Владата и Министерството за здравство.
За се избегнат непосредните контакти, за да си помогнеме и покажеме солидарност, и да останеме на висина на задачата како јавен сервис за граѓаните на општина Битола ЈКП Водовод Битола за сите потребни информации поврзани со услугите, Ве замолува најпрво да не контактирате на еден од телефоните :
047 227 448 (072232120) – Дирекција, 047 238 200, 234 791 (072232119) – Стопански двор (дежурен 24/7), или
по електронски пат зависно од Вашата потреба на следниве email адреси :
Директор direktor@vodovodbt.mk Филтерница filternica@vodovodbt.mk Лабораторија laboratorija@vodovodbt.mk Служба за комерција komercija@vodovodbt.mk Правна служба pravna@vodovodbt.mk Сметководство smetkovodstvo@vodovodbt.mk Дефекти defekti@vodovodbt.mk
Битола, 16.03.2020 ЈКП Водовод Битола