Don't Miss
Home / Вести / Совети на д-р Таше Трпчевски

Совети на д-р Таше Трпчевски

          

Поради коронавирсуот во редованата рубрика на Битолски весник во наредните  неколку месеци нема да одговара на прашања, туку ќе  дава иснтрукции за актуелната состојба  со Ковид 19 вирусот кај бремени жени

Што треба да направите ако се јават симптоми на корона вирус додека сте бремена

“Не бидете спокојна и мирна“ Ако се  сомневате дека имате потенцијална експозиција со болна особа со корона вирус  или се јавуваат првите суспектни симптоми, јавете се кај матичниот лекар кој ќе одреди дали да се тестирате за корона вирусот (Ковид 19).Доколку симптомите  се благи (влажна кашлица ,немате температура),останете изолирана дома а доколку се вложуваат  треба да одите во релевантниот центар за згрижување на заболени од корона вирус  каде ке исклучат дали се работи за инфекција со истиот вирус.Ако симптомите  се средни се враќате дома до добивање на резултатите со сите инструкции за самоизиолација и третман вообичаен за кашлица.Ако тестост е позитивен  а симптомите се средни  треба да се обратите кај  специјалист за бремени со висок ризик.Многу е важно да останете будни  за состојбата што ја имате ,телефонирајте кај гинекологот  и ќе одите таму каде што ќе ви кажат, во болницата или центраот за изолација на заболени со корона вирус.Вие и вашето бебе ке бидат  непосредно  мониторирани се додека сте надвор од опасната зона

Ако  тестот за Ковид 19 е позитивен треба  да бидете сместена во соба специјална со негативен притисок со протективна екипа  наменета за лечење на ваквите болни. Од искуствата на кинезите кај пациентки кои се породиле со позитивен тест раѓањата се завршиле со царски рез (кина е позната како земја со висок царски рез)Типот на раѓање ќе зависи од вашите симптоми,вашиот доктор и медицинската помош во таа болница

За многу мајки со суспектен или позитивен Ковид 19 отежнителна околност е за мајките  што ќе се случи со бебето кога ке се проди. ЦДЦ центарот за контрола на болестите препорачува да се разделат најмалку 14 дена во посебни изолирани соби или ако не е можно 6 чекори  подалеку едни од други

Бидејки вирусот не се пренесува преку млекото  доењето е препорачливо со тоа што мајката треба добро да се маскира и да се испумпува со пумпа млекото од неа. Кога ќе се опорави мајката ќе можи бебето да го капи  повива и гушка .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*