Don't Miss
Home / Вести / Центарот на Битола “карантин“ за повратниците од Малта

Центарот на Битола “карантин“ за повратниците од Малта

Вечерва во Битола пристигнаа два автобуси граѓани на Македонија кои кои беа вратени од Малта со попладневниот лет, што го организираше Министерството за надворешни работи.

Станува збор за 45 лица, кои ќе бидат сместени во хотел во центарот на градот, во задолжителна 15 дневна изолација.

Сместувањето на 45-т лица повратници од Малта во самиот центар на Битола ги запали социјалните мрежи во градот, кои реагираат зошто лицата од Малта се сместени на задолжителен карантин од 15 дена во самиот центар на градот.

Битолчани се прашуваат зошто тие лица не беа сместени во други сместувачки капацитети на периферијата на Битола или во Детското одморалиште на Пелистер кое со години седи затворено и кое има капацитет од 200 легла.

Инаку Битола е град во кој над 190 грагани се во самоизолација а досега не е регистриран ниту еден заболен од корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*