Македонската поп дива Каролина, на радост на многубројните обожаватели, на 24 октомври во Битола ќе го одржи промотивниот концерт на нејзиниот последен музички албум “ Македонско девојче 2“ кој важи за еден од најслушаните музички албуми меѓу пошироката публика.
Промотивните концерти на Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче 2” во Битола и во Охрид, кои ова лето беа откажани поради прераната смрт на сопственикот на “Авалон продукција”, ќе се одржуваат оваа есен.
Покрај концертот во Битола на 24 октомври и во Охрид е закажан концерт за 25 октомври.
Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската опера и балет кои се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2”, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1”.
Влезниците во продажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од 1 октомври.
Б.В.