Don't Miss
Home / Спорт / Рефлектори и нова тревна подлога за стадионот во Битола

Рефлектори и нова тревна подлога за стадионот во Битола

Градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиевски, вчера во Битола, на промоцијата на првата спортска парарелка во градот, најавија скорешна реализација на  уште еден крупен проект кој најмногу ќе ја израдува спортската јавност во Битола .
Имано, тие двајцата го најавија и новиот проект од “Хет трик“ програмата за поставување нова подлога и поставување рефлектори на стадионот во Битола.
Инвестицијата е вредна околу 800.000 евра со што ќе се овозможи подобрување на инфраструктурата и условите за игра на стадионот во Битола. Проектот во општина Битола се очекува да стартува идната година и е дел од веќе дефинираниот план за изградба на нов стадион.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*