Don't Miss
Home / Uncategorized / Продолжува судскиот процес Талески против Ковачевски

Продолжува судскиот процес Талески против Ковачевски

Денеска во Скопскиот суд, Скопје 2, во Скопје продолжува судскиот процес на градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески, против лидерот на СДСМ Битола и актуелен пратеник, Васко Ковачевски, дописничката на “Утрински весник“ од Битола, Анета Блажевска, уредничката Соња Крамарска, како и редакцијата на “Утрински весник“.

Сите нив градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески ги тужи за нанесена клевета и навреда во врска со изјавите на Ковачевски и објавениот текст во “Утрински весник“ дека наводно Талески имал во своја сопственост дури 5 стана, од кои 2 на улица “Бонде Скерлевски”, што тој енергично го демантираше.

Во тужбата поднесена против сите нив, Талески побарува вкупно 44 илјади евра. Од нив 15.000 евра побарува од локалниот лидер на СДСМ, Васко Ковачевски, 15.000 од Соња Крамарска, 10.000 евра од сопственикот на “Утрински весник“ и 2.000 евра од дописничката од Битола на “Утрински весник“, Анета Блажевска.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*