Don't Miss
Home / Вести / Паркингот кај “ Тинекс“ пропаѓа

Паркингот кај “ Тинекс“ пропаѓа

                  

          Во ситуација кога локалната самоуправа чини  напори да ги среди со бехатон плочки  и најзафрлените улици во градот,  кај супер маркетот “ Тинекс “ кај Клиничката  болница веќе подолго време се распаѓа паркингот за возилата кај овој супер маркет.

          Ниту локалната самоуправа, ниту пак сопственикот на “  Тинекс “ уво не ги боли за распаѓањето на паркингот.

          Таквата состојба во овој период  најдобро ја искористија несовесните битолчани, кои едноставно ги украдоа бехатон плочките од руинираниот паркинг, за кој овој момент буквално никој не се грижи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*