На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во саботата се изведе масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведоа битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица, под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.
Во основните училишта и градинките, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.
Вработените во ЈП „Комуналец“ ја чистеа дивата депонија во населба Стрелиште со механизација, односно боб кет и камиони.
Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето.