Home / Вести / Акција за чистење и дезинфекција на Битола

Акција за чистење и дезинфекција на Битола

                       

На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во саботата  се изведе масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведоа битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица,  под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.

Во основните училишта и градинките, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.

Вработените во ЈП „Комуналец“ ја чистеа дивата депонија во населба Стрелиште со механизација, односно боб кет и камиони.

Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*