На денешната седница на Советот, на која присуствуваше и градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески, се случи вистински скандал.
Советникот на НСДСП, Благојче Котевски, презентирајќи фотографии за наводно непрописно паркирање на неговото приватно возило, јавно призна дека го следи градоначалникот Владимир Талески каде и со кој се движи.
Таквото обнародување на движењето на градоначалникот предизвика реакција кај Талески, кој запрепастен од презентираните фотографии истакна дека тој е методот на опозицијата која со своите наводни 5.000 тимови ја следи власта со кој и како се движат и преку социјалните мрежи ги следат не само нив, туку и нивните семејства, што е навистина скандалозно.
Советникот на НСДП Благојче Котевски истакна дека како јавна личност, јавноста треба да знае што прави градоначалникот Талески и дали тој ги почитува прописите и законите и каде паркира.
Б.В.