Детскиот хор „Ѕвончиња” утре, со почеток во 19 часот во салата на клавирите во битолскиот Завод и музеј ќе го одржи својот традиционален концерт, трет по ред, „Пееме до ѕвездите”, во чест на музичката легенда Тоше Проески.
Средствата од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за набавка на медицински апарати за болните дечиња кои се сместени во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.
Покрај прекрасните „Ѕвончиња”, на концертот ќе настапи и вокалната група „Мелодиум”, под раководство на Марина Коруновска, професор по соло пеење во Музичкото училиште Битола.
Б.В.