Денес во Битола се одржа јавна расправа и презентацијата на активностите во рамките на проектот,, Just transition diagnostic” кој е финансиран од ЕУ.
На јавната расправа присуствуваа градоначалниците од Битола , Могила, Новаци, и Кичево како најзасегнати подрачја од оваа транзиција и претставници од Технички факултет Битола, ЕУ делегација и Concept paper од Грција како проектни менаџери.
Овој проект се однесува на Регионите каде се користи јаглен и каде постојат термоцентрали за производство на електрична енергија кои треба да се транзитираат во наредните години кон производство на чиста енергија која нема да го загадува воздухот, водата, животната средина и нема да го загрозува човековото здравје.
На состанокот беа идентификувани потребите за воведување на енергетска правда на овие подрачја, а беа идентификувани и клучните работи кон кои како локални самоуправи треба да се насочат градоначалниците во следниот период за полесно преминување во користење на обновливи извори на енергија.