Don't Miss
Home / Економија / Конференција за поддршка на извозот

Конференција за поддршка на извозот

Утре, во хотел-ресторанот “Капри” во Битола, ќе се одржи конференција за поддршка на извозот на малите претпријатија, посебно на оние претпријатија кои се почетници на планот на извозот и кои се уште размислуваат за извоз.

Во врска со оваа конференција разговаравме со Марија Герас-Дочовска, која, воедно, покрај тоа што е организатор, таа е и автор на студијата за бариерите кои го попречуваат извозот.

-Ова е првпат една ваква конференција да се одржува надвор од Скопје. На конференцијата очекуваме да присуствуваат над 100 посетители, а на истата со свои излагања ќе настапат д-р Драган Илиевски, Сузана Трајковска – Кочанковска и Николче Јанески од приватната компанија “Комфи ангел” од Прилеп, кој во два наврати успеа да ја добие европската награда за бизнис во делот на национален лидер во извоз.
Оваа конференција е дел од проектите за ИПА програмата за прекугранична соработка.
Тоа што е значајно, покрај тоа што учесниците на конференцијата ќе имаат можност од прва рака да ги слушнат советите за тоа како можат да го подобрат извозот, особено во прекуграниот регион, тие ќе добијат и прирачник, во кој на мошне прифатлив начин извозниците ќе можат да се информираат како да изберат земја каде што ќе извезуваат, каде да најдат контакт, кои им се правилата за царинење, како да преговараат, како да се направи бизнис-планот, каде да не згрешат итн.
Во прирачникот, според Дочовска, најмногу е обрнато внимание за аспкетите во преговарањата и договарањата, каде најголемиот број извозници се залетуваат.
Инаку, според Дочовска, истражувањата кои таа ги направила покажале дека Македонија нема правни бариери за извоз, но дека има економски и стратешки бариери. А голема пречка во извозот особено со соседна Грција е проблемот со името, како и експанзијата што ја прави Кина, особено во текстилната индустрија.
-Ние направивме стратегија за промоција за извозот, а немаме стратегија за извоз. Главно се потпираме на зоните, но малите и средни претпријатиа имаат премногу слаба поддршка, која треба да биде институционална, вели Дочовска.
Во ситуација кога паѓа интересот за лон работењето потребно е извозните претпријатија, особено од текстилната индустрија, да се определат за изработка на свој финален производ, каков што е случајот со “Комфи ангел” од Прилеп, која со своите производи буквално го освои европскиот пазар и која по напуштањето на лон работењето бележи одлични резултати и денес вработува над 900 работници, вели Дочовска.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*