Продолжува соработката на двете збратимени општини Новаци и Дуги Рат. Овојпат на гости во Новаци дојде културно- ументичкото друштво Далмација кое заедно со културно ументичкото друштво Новаци одржаа заеднички концерт на традиционални песни и танци.
-Имаме огромно задоволство да им бидеме домаќини на делегација од Дуги Рат Хрватска и КУД Далмација. Заедно со нашето културно -уметничко друштво ќе одржат концерт на ората и песните кои се нашето потекло и кои благодарение на ваквите друштва сеуште се присутни и понатаму се одржуваат и негуваат. Ова е уште еден начин да ја продолжиме соработката со нашата збратимена општина Други Рат – изјави Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Општина Новаци и Општина Дуги Рат од Хрватска се збратимија пред две години. Од тогаш постојано контактираат и соработуваат, доказ за тоа е овој концерт на народни песни и ора.
Градоначалникот на Други Рат Јерко Роглиќ во два наврати беше во посета на Општина Новаци додека градоначалникот Котевски ќе оствари возвратна псоета до крајот на оваа година.
К.Ч.