Во Новаци, денеска се одржа втората сесија на Форумот на заедниците , од вкупно 6, колку што треба да се одржат во рамките на овој проект.
На Форумот, граѓаните на Новаци, поделени во девет работни групи ги искажуваа своите видувања за тоа кои проекти треба да влезат во буџетот за наредната 2015 година. На втората сесија граѓаните на Новаци беа информирани и за буџетските можности на Општината, како и предлозите на работните групи за тоа кои проекти треба да влезат како приоритетни во буџетот за наредната година.
Инаку според зборовите на координаторот на проектот, Катерина Чукалевска на првата сесија, која жителите на Новаци масовно ја посетија имало бројни предлози.
Меѓу бројните предлози за тоа што треба да се гради со средствата на буџетот за идната година, жителите на Новаци предложиле изградба на базен, спортски комплекс, изградба и поставување на спортски реквизити на игралиштата, изградба на канализација во Новаци и Рибарци, отворање на канцеларија за менаџмент и советување на младите, пренамена на објект во Добромири во младински центар.
Во рамките на Форумот на заедниците ќе се одржат вкупно 6 сесии, од кои 5 до крајот на годината, кога се “крои “ буџетот за наредната година.
Б.В.