Don't Miss
Home / Градска хроника / Седница на Советот на Општина Новаци

Седница на Советот на Општина Новаци

Советниците на Советот на општина Новаци  ја одржаа 25 тата редовна седница на која на дневен ред разгледуваа над десеттина точки. По усвојувањето на записникот од претходната седница продолжија со донесување на предлог развоен план за комунални дејности за периодот 2015-2017 година, го разгледаа планот на едногодишни капитални инвестиции за следната година како и предлог програмата за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици за периодот 2014/2015.
Советниците избраа “Совет за млади“  на општина Новаци составен од пет члена.
Се одобрија неколку барања на физички лица за лекување како и санација и набавка на градежни материјали за манастирот “Св.Атанасиј Велики“ од Новаци.
На месната заедница од Арматуш му беа одобрени градежни материјали(50 вреќи цемент,песок и чакал), потоа се разгледа барањето на жителите на Новаци за дислокација на трансформаторот како и санација на улица. На Центарот за ран детски развој “Бамби“  од Новаци им беа одобрени финансиски средства за прослава на 10 годишниот јубилеј од основ ањето додека на Фудбалскиот клуб Пелагонија од с.Добромири им беа одобрени средства за такмичење во општинската Б фудбалска лига за есенската полусезона.
Советниците ја усвоија одлуката за спроведување на стратегиска оцена за урбанистички план за село Горно Агларци.

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*