Don't Miss
Home / Вести / По повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“ Општината на 35 талентирани ученици им додели награди

По повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“ Општината на 35 талентирани ученици им додели награди

По повод Денот на заштитникот на Битола „Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на Јавниот повик на Општината за наградување на талентирани и наградени ученици.

Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги исполнуваат учениците за да бидат наградени од Општината.

Градоначалникот Коњановски на денешниот настан, најави проширување на повикот и негово специфицирање по области, согласно искуството во изминатите 3 години.

Ми претставува посебна радост, што на овој ден, имам чест да ги наградам најдобрите од најдобрите ученици, млади луѓе кои се иднината на нашата општина и нашата држава. Пред 3 години, кога дадов предлог одбележувањето на овој ден да биде посветено на мотивација на најмладите, точно мојата визија беше насочена кон спроведување мерки кои ќе ги поттикнат учениците да учат, да се надградуваат, да се натпреваруваат, затоа што Битола е град од кој потекнуваат многу квалитетни музичари, спортисти, лекари, инжинери, архитекти… Досега спроведовме три јавни повици, на кои добивме навистина квалитетни апликации од кои без исклучок, сите го потврдуваат квалитетот и потенцијалот на нашите најмлади сограѓани-истакна градоначалникот Коњановски.

Задолжената комисија за проверка на документите, според градоначалникот Тони Коњановски секогаш ја има најтешката задача: да ги избере најдобрите од најдобрите, имајќи ги предвид критериумите зададени при изработка на Јавниот повик од страна на Општината во соработка со просветните работници, кои оваа година беа активно вклучени во цел процес.

Критериуимите дефинирани во јавниот повик, беа изготвени врз основа на искуства од учество на натпревари на учениците, пренесени од наставници, ментори и директори на училишта, кои беа значајна поддршка за општинската администрација во подготовката на јавниот повик.

Иако деновиве се слушна и за некоја индивидуална иницијатива и донирање средства за награда на сите ученици кои аплицирале, изразувам благодарност за предлогот, но, такви активности не се потребни, затоа што Општината има доволно средства за награди, но, целта на повикот е да се почитуваат поставените правила и критериуми, а кон оние кои не аплицирале бидејќи не ги исполнуваат условите, да не се покаже неправедност-потенцираше битолскиот градоначалник Тони Коњановски притоа додавајќи:

Заклучоците кои ги извлековме од досегашните три повици укажуваат дека секогаш е направен најдобриот избор, согласно поставените услови, но и ни покажуваат како можеме да бидеме уште подобри во интерес на најмладите. Затоа, најавувам дека идната година, наградувањето на талентираните и наградени ученици ќе биде преку посебни јавни повици за три области: уметност, наука и спорт. На овој начин, преку посебно специфицирани услови адекватни на областа во која ученикот се натпреварувал, ќе се даде можност за секој ученик кој постигнал високи резултати, да биде награден, зошто секоја област има своја тежина и специфики.

Ова мора да биде наш влог во нашата иднина-успешните млади луѓе, за кои имаме цел да ги задржиме мотивирани, инспирирани, полни со амбиција и желба за напредок.

Затоа драги ученици Ви благодарам на сите кои аплициравте на јавниот повик, ви благодарам на сите кои ја претставувате Битола на меѓународни и натпревари во државата, ви благодарам на сите кои со вашиот труд вложувате во себе, но и во иднината на нашиот град. Им благодарам и на сите наставници, професори, ментори и директори кои се важна поддршка во животот на секој ученик. Честитки до сите добитници на наградите! Верувам дека идната година ќе бидете уште поуспешни и секако многу побројни. Нека ние е честит Денот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски– рече градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Денешниот настан беше збогатен со програма во изведба на учениците од Државното музичко училиште, општинското основно училиште „Свети Климент Охридски“ и учениците од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*