Од синоќа, по еден часот по полноќ не функционираат мерните станици за мерење нa квалитетoт на воздухот во Македонија. Во ист момент престанале со работа шест од седумте станици на територијата на Скопје, со исклучок на една , која работела до 2 часот по полноќ, а потоа веќе не испратила никакви податоци до официјалната веб страница на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Иста е ситуацијата и со останатите мерни станици низ цела Македонија. Во последните часови од мерењето станиците во поголемиот дел од населените места регистрирале и до неколкупати поголеми колчества на штетни честички ПМ10 во воздухот од дозволените нивоа.
Особено загаден бил воздухот во Битола, Тетово и Кичево, кога вредностите на ПМ10 честичките во воздухот биле многу повисоки од дозволените.
Од утрово, Министерството за животна средина на својата веб страница нема податоци за квалитетот на воздухот и за надминување на граничните вредности.
Од министерството за животна средина како што објавуваат некои портали информирале дека станувало збор за технички проблем, во дистрибуцијта на податоците до централата на “Телеком“ и од “Телеком“ работеле на отстранување на дефектот.
Б.В.