Don't Miss
Home / Градска хроника / Ученици од ЦОУ„Гоце Делчев“ од Битола во посета на општина Новаци

Ученици од ЦОУ„Гоце Делчев“ од Битола во посета на општина Новаци

Ученици од деветто одделение од македонска и албанска националност од ЦОУ„Гоце Делчев“ од Битола вчера  го посетија градоначалникот Лазар Котевски и општина Новаци. Се запознаа со надлежностите и обврските на првиот човек на локалната самоуправа како и со одделенијата и организационата структура во општина Новаци.

-Ме радува што денеска имам млади гости кои сакаат да се запознаат со работата на градоначалникот,администрацијата и воопшто на една локална самоуправа. Најпрво ги запознав со општите карактеристики на општина Новаци а потоа се разбира за начинот на работа и организационата поставеност. Им одговорив на сите прашања и сето она што ги интересираше – рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

новаци гоце делцев

Станува збор за еден вид едукативна посета во рамките на изучувањето на предметот “Граѓанско образование“ кој е редовен наставен предмет во деветто одделение.
-Денеска сме гости на градоначалникот Котевски околу 29 ученици од македонска и албанска националност кои сакаат да ја посетат  општина Новаци, да се запознаат со администрацијата и нивната работа. На почетокот беа пријавени десет деца но потоа заинтересираноста се зголеми заради добриот глас и успешноста во работата по која е препознтлива  општина Новаци- рече Амиде Џемал,наставник во ЦОУ “Гоце Делчев“ Битола.

Општина Новаци е отворена општина која доста често има љубопитни гости. При крајот на оваа недела ученици од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и ученици од Прилеп заедно со “Канал визија“  од Прилеп ќе ја посетат општината и неколку институции кои работат на нејзина територија.

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*