Home / Спорт / Билборд на градското шеталиште за “Чкембарите“

Билборд на градското шеталиште за “Чкембарите“

Во пресрет на 30 роденден  на навивачката група „Чкембари“, општина Битола и јавното претпријатие  “Комуналец“  изработија билборд кој го означува собирното место на навивачите, а истовремено и поддршка што во континуитет  ја добива  навивачката група  од  битолската локална самоуправа.

Билбордот е поставен на почетокот од градското шеталиште.

rakomet 1

-На предлог на ЈП “Комуналец“  се одлучивме неколку делови од градот да ги означуваме со одредени значајни содржини- симболи на градот. На ова место каде што се славеле сите успеси, но и се тагувало за одредени неуспеси, на почетокот на градското шеталиште поставивме еден знак за кој цениме дека има големо значење за општината, а пред се за навивачката група „Чкембари“, изјави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

Општина Битола со добивањето на ингеренциите во спортот се обидува и веќе реализира повеќе проекти кои водат кон инфраструктурно и организационо подобрување на условите, што пак треба да донесе нови високи резултати како во фудбалот, така и во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*