На четвртата форумска сесија која се одржа во општинската сала во Новаци се расправаше за расходите и преостанатите четири програми од Буџетот на општина Новаци и тоа: јавно осветлување, култура,спорт и рекреација и изградба и реконструкција на локални патишта и улици.
-На оваа сесија ќе ги разгледаме расходите на буџетот во неколку области. Граѓаните се многу задоволни и затоа посетеноста е голема, нивните предлози околу 85% се прифатливи, кои ќе ги сместиме во буџетот и ќе почнеме да ги изведуваме идниот период– изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци
Форумските сесии во општина Новаци имаат една константна бројка на присутни која се движи во рамките од 80 до 100 редовни жители кои изненадуваат во позитивна смисла од желбата за вклучување при планирањето на буџетот како и конструктивноста на дискусијата и предлозите кои ги даваат.
-Ние сме доста задоволни и треба вакви средби да има што почесто затоа што има подобрување во планот на општина Новаци – рече Драги Филиповски, дел од работната група.
Распределбата на средства околу локалните патишта е она за што жителите на општина Новаци најмногу се интересираат на форумските заедници, истакна градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
К.Ч.