Вторпат оваа недела заседаваше Советот на општина Новаци.
На дневен ред за разгледување, расправа и усвојување беа ставени 19 точки.
На самиот почеток беа усвоени записниците од претходните две седници 25 и 26 та седница.Потоа се усвои одлука за усвојување на предлог буџет за 2015 година како и Одлука за усвојување на предлог одлуката за извршување на Буџетот на општина Новаци за 2015 година.
Советниците едногласно го одобрија и буџетскиот календар за 2015 година.
Со оглед на тоа дека се ближи Нова година и Божик на дневен ред беше ставена и точката за одбележување на овие празници која исто така беше усвоена.
Советниците донесоа одлука за донесување проценка на загрозеност на подрачјето на општина Новациод секаков вид ризици и опасности.
Советниците ја донесоа и нивната програма за работа за следната 2015 година.
Покрај другото се донесе предлог- програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општината, предлог -програма за одржување на јавна чистота за 2015 година.
Се разгледаа и две барања од МЗ Добровени и Живојно како и индивидуално барање на жител од с. Новаци за доизградба на одводна мрежа за прибирање на отадните води.
На денешната седница како дополнителни точки беа усвоени и следните одлуки: одлука за пристапување кон изработка на ЛУПД за ловен дом со пропратни содржини КО Будимирци, одлука за пристапување на ЛУПД за изградба на објекти со наменма Е2 за фотоволтаична централа во месноста викана Црвен брег КО Гермијан, одлука за започнување постапка за давање на недвижни ствари под закуп – штали во с. Брод.
Советниците донесоа одлука за продажба на движна ствар – автобус за старо железо, донација за Клиничка болница одделение за неврохирургија (чаршафи,навлаки за перници, мантили и сл), одлука за ослободување од надоместок за легализација на бесправно изградени објекти во општина Новаци за верската заедница како и одлука за категоризација на локалните патишта.
На седницата на Советот на општина Новаци присуствува апретставници од Центарот за управување со кризи и ЗГ Клеа од Битола.
До крајот на 2014 година советот ќе заседава уште еднаш.
К.Ч.