Home / Uncategorized / Црно белиот хуманитарен бал во знакот на пријателството на Македонија со Кралството на Белгија

Црно белиот хуманитарен бал во знакот на пријателството на Македонија со Кралството на Белгија

Синоќа во Битола,  се одржа традиционалниот и гламурозен  црно- бел хуманитарен бал во организација на битолските лајонси.

Оваа година беше  во знакот на пријателството на Македонија со Кралството на Белгија, земјата на чоколадите и вафлите, земја која е политички центар на Европа, земја со извонредна историја и многу славни личности.

ball_007

Лајонсите од Битола, Македонија и ширум светот црно белата ноќ ја обоија во боите на пријателството и филантропијата, дарувањето и донирањето.

Средствата од синоќешниот бал ќе бидат искористени за набавка на спортско-рекреативна опрема која ќе биде за малата спортска сала која се наоѓа во Битола во зградата на Центарот за социјални работи, а која ја користата здружението на слепи лица, здружението на глуви и здружениците на хендикепирани лица.

ball_005

За гостите на балот вистинска реткост беше во преполната агенда на првиот човек на Лајонсите во светот Џони Престон да биде заедно со нив на балот во Битола.

На синоќешниот бал на гостите им се обрати актуелниот Гувернер на Дистрикт 132 Драги Филевски, а гости на балот беа и првиот гувернерот на лајонсите во Македонија Небојша Давидовски и поранешни Гувернери.

Беа промовирани новите членови, доделија специјални признанија, а го објавија и изборот на почесен член на овој клуб.
Извор: tera.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*