Вечерва битолската публика ќе ужива во концертот на етно групата „Љубојна“ насловен „Музика на дланка“, во големата сала на Центарот за култура, а како и на двата концерти кои што се одржаа минатата недела во Скопје, и во Битила, пред присутните ексклузивно ќе изведат нови теми.
-Ќе има многу убава атмосфера, нба сцената ќе ве чека голем бенд, составен од дувачи, гитаристи, солисти.. , ве чекам јас и ќе имате можност да слушнет теми кои ексклузивно ќе бидат изведени – изјави Вера Милошевска.
-Подолго време немавме концерт во Битола, па затоа ќе се потрудиме да направиме нешто што досега не е слушнато од нас- се надоврза Оливер Јосифовски од „Љубојна“.
Со овој концерт, Центарот за култура ја завршува концртната сезона.
-Љубојна е константен соработник на Центарот за култура, нивните концерти секогаш пободуваат интерес кај посетителите и оваа година после неколку успешни концерти нашата соработка продолжува во континуитет, и многу ми е драго што ќе се одржи во големата сала при Центарот за култура – рече Борче Димитрoвски, директор на Центар за култура- Битола.
Б.В.