Home / Култура / Вечерва спектакуларен концерт на “Љубојна“

Вечерва спектакуларен концерт на “Љубојна“

Вечерва битолската публика ќе ужива во концертот  на етно групата „Љубојна“  насловен „Музика на дланка“, во големата сала на Центарот за култура,  а како и на двата концерти кои што се одржаа минатата недела во Скопје, и во Битила, пред присутните ексклузивно ќе изведат нови теми.

-Ќе има многу убава атмосфера, нба сцената ќе ве чека голем бенд, составен од дувачи, гитаристи, солисти.. , ве чекам јас и ќе имате можност да слушнет теми кои ексклузивно ќе бидат изведени – изјави Вера Милошевска.

-Подолго време немавме концерт во Битола, па затоа ќе се потрудиме да направиме нешто што досега не е слушнато од нас- се надоврза  Оливер Јосифовски од „Љубојна“.

Со овој концерт, Центарот за култура ја завршува концртната сезона.

-Љубојна е константен соработник на Центарот за култура, нивните концерти секогаш пободуваат интерес кај посетителите и оваа година после неколку успешни концерти нашата соработка продолжува во  континуитет,  и многу ми е драго што ќе се одржи во големата сала при Центарот за култура – рече Борче Димитрoвски, директор на Центар за култура- Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*