Home / Uncategorized / Проект за превенција на дијабетот

Проект за превенција на дијабетот

Во оранизација на Клиничка Болница Битола се одржа координативен состанок на македонските и грчките партнери во рамките на проектот COMETECH дел од програмата за прекугранична соработка Грција -Македонија 2014-2020.

Имено се работи за грант добиен од Европската Унија во рамките на споменатата програма, во кој Клиничка Болница Битола е еден од петте партнери. Водечки партнер е „Александар технолошки и образовен институт“ од Солун, како и Општата болница од Велес и Лекарската комора на Солун.

Содржински се работи за проект за превенција и дијагностика на дијабетот и неговите последици. Во рамките на овај проект Клиничката болница Битола ќе добие 12 софистицирани дијагностички апарати со вредност од 47.000 евра меѓу кои со најголема вредност е неинвазивна офталмолошка камера за испитување на фундус.

Со оваа апаратура ќе се врши бесплатен скрининг на 200 пациенти од општината, целна група одбрана од лекарскиот проектен тим, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*