Едно лице загина, а 30 се повредени во верижен судар на 50 автомобили во централна Словенија, по снежното невреме, проследено со силен ветер, пренесе МИА.
Во несреќата загина 25-годишен државјанин на Швајцарија, а во болница во Љубљана се примени 14 лица, од кои тројца се тешко ранети, а еден е во критична состојба.
Несреќата се случила на магистралата А1, која ја поврзува Љубљана со јадранското крајбрежје.
Според првичните информации причина за несреќата е снежното невреме, кое ја намалило видливоста на пет метри.
Полицијата соопшти дека возачите едноставно ништо не гледале пред себе.
Извор: МИА