Home / Uncategorized / Спасовски: Полицијата беше на висина на задачата

Спасовски: Полицијата беше на висина на задачата

По долго време Република Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори, оцени денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршување на вториот круг од изборниот процес на Локалните избори и се заблагодари на полицијата за покажаната професионалност и успешното и ефикасно извршување на зададените задачи.

– Не се забележани серозни нарушувања на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните. Заради основани сомневања за сторени кривични дела против изборите досега се приведени седум лица – информираше министерот Спасовски и додаде дека приведено е уште едно лице за физички напад, но дека уште се работи за да се утврди дали овој случај е поврзан со изборниот процес.

Во полициската станица Битпазар приведени биле две лица поради сомнение за сторено кривично дело поткуп на избори и гласање. Приведени биле и пет лица кои ги фотографирале избирачките ливчиња од гласањето, од нив три се во Скопје, а по едно во Пробиштип и село Дулица.

Во Скопје се фотографирале гласачки ливчиња на гласачкото место во ОУ „26 ЈУли“, на гласачкото место во месната заедница Црниче и на гласачкото место во ОУ „Васил Галвинов“. Против овие лица, како што рече, министерот Спасовски ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.

За нападот за кој претходно информираше министерот приведено е едно лице од Шуто Оризари и се работи на целосно расчистување на случајот.

Одговарајќи на новинарско прашање за пријава во внатрешната контрола на МВР, министерот рече дека пријавени се два случаја што е помалку во однос на првиот изборен круг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*