Don't Miss
Home / Колумни / Домa си е домa

Домa си е домa

Ужасно ми пречи секојдневното поттикнување на т.н. тема “младината си замина од државата“, и “секој размислува за странство“.

Не постои контактна емисија на телевизија каде граѓаните се вклучуваат во „живо“ и веднаш ја започнуваат оваа тема, иако не е поставена за коментирање од страна на водителите.

Милена во утринската емисија “Здрaво Мaкедонијо“ на “Канал 5“ ја бомбaрдирaaт секој ден со тие констатации.

Секој си одлучува каде ќе живее и кои околности го натерале на тоа.

Но тоа не треба во никој случај да се зема како генерално расположение кај младите граѓани на Република Македонија.

Дека поединци заминаа во туѓина по остварување на нивните амбиции и соништа, не треба да се зема како најисправна одлука.

Многумина ќе речат дека тоа е и најтешката одлука.

Кога еден студент кој има одлични оценки и е на прагот да дипломира, сеуште не е докрај изградена личност, слуша и чита дека младите бегаат по подобра перспектива во западно европските и прекуокеанските земји, па гледа на социјалните мрежи негови врсници како привидно се луксузираат и се им е достапно, веднаш ќе помисли да ги спакува куферите и да “здувни“ од ДОМА.
Намерно велам од дома.
Да го напушти градот во кој живеел, родителите, другарчињата од маало, бабите и дедовците, татковината, огништето, коренот, притоа ниту обидувајќи се да се потруди да остане Дома, соништата да ги гради дома.
Во една прилика сосем случајно, се сретнав со една школска другарка од средно во Битола. Не се имавме видено десет години. Кога ја сретнав ми дојде многу убаво на душата, се затрчав да ја изгушкам. Но осетив студенило од неа. Ја запрашав како е, каде живее? Ми одгаовори дека живее во една од западно-европските земји и дека заедно со сопругот (во меѓувреме се омажила) неколку години се заминати од државата. Дури и јазикот го подзаборавила почувствував по разговорот што го водевме. Беше со сите петки во Гимназија и многу талентирана. Ми се пожали дека и во странство е тешко за работа, дека е многу тешко нема кој да ги чува бебињата, мора мајката, бидејќи бабите и дедовците одат на работа, градинките се многу скапи итн.
По разговорот не ми беше многу воодушевена од живеачката во странство. Па тогаш директно ја прашав. Зошто замина? Таа по студиите заедно со сопругот, имаа вработување и живееа во Скопје.

Ми одговори дека сонувале да го прошетаат светот, Македонија им била тесна.

Искрено ја сожалив.

На пат за дома ми заѕвони телефонот. Ми се јави мајка ми да ми каже да побрзам внук ми ми дошол на гости. Пресреќна бев и трчав кон дома дека попладнето ќе си го поминам со моето внуче, ќе одиме во Градскиот парк, ќе си јадиме тост, сладолед и ќе си се радуваме заедно.

Нема поубаво нешто да живееш, да создаваш на свој терен….Да се бориш во сопствената земја, огниште меѓу блиските, меѓу своите….И успесите се тогаш послатки…а неуспесите ги ублажуваш со своите, меѓу своите, пуштaш солзи и тие помалку болат.
Целaтa енергија млaдите требa дa јa нaсочувaaт кон своето, a помалку мисли дa упaтувaaт кон туѓото.

Бидејќи најубаво е ДОМА.

 

Вaскa. М.Млaденовскa

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*