Don't Miss
Home / Политика / СДСМ ја критикува акцијата на УЈП

СДСМ ја критикува акцијата на УЈП

-Да сакаа да работат инспекциските служби првенствено како превентивни органи, коишто прво ќе изрекуваат опомена, а потоа казна, како што предлага СДСМ, немаше да се случи “касап“  акцијата на УЈП во југозападниот регион на земјава, спроведена деновиве- реагираше денеска  на прес-конференција битолската СДСМ.

Пратеничката од СДСМ, Јулијана Силјановска побара надлежните органи веднаш да престанат со како што обвинија “бруталните“  акции на затворања објекти, што се случи во Битола.
-Граѓаните беа сведоци на масовни акциски контроли на инспектори од УЈП и на државниот пазарен инспектотат во повеќе кафулиња и угостителски објекти, изведени со помош на специјални полициски сили. Инспекторите влегуваа во кафулињата, со полицајци-специјалци. Граѓани кажуваат дека глетките при контролите биле како на филм. Како да се ловат терористи и најголеми криминалци- обвини Силјановска.

СДСМ кога ќе дојделе  на власт, драстично ќе ја реформира казнената политика во Република Македонија, подвлече Силјановска.
-Ќе воведеме задолжителна мерка опомена пред казна, а драконските казни од оваа власт ќе ги намалиме за 50 проценти- децидни се битолските социјалдемократи.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*