Don't Miss
Home / Македонија / Обвинителството со постапка за осомничените за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“

Обвинителството со постапка за осомничените за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, стои во соопштението, поднесе кривична пријава против четири лица за повеќе кривични дела.

– Надлежниот обвинител против осомничените лица донесе наредба за спроведување истражна постапка и тоа за осомничениот З.В. за кривични дела „шпионажа“ по чл. 316 од Кривичниот Законик и кривично дело „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ по чл. 311 во врска со чл. 24 од КЗ, за осомничената С.В. за сторено кривично дело „шпионажа“ по чл. 316 вв со чл. 24 од КЗ, за осомничениот Б.П. за кривично дело „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ по чл. 311 во врска со чл. 24 од КЗ и за осомничениот З.З. за кривично дело „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ по чл. 311 во врска со чл. 19 од Кривичниот Законик на Република Македонија, стои во соопштението од Јавното обвинителство .

Сметајќи дека се исполнети законските основи, се посочува, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до надлежниот судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки за обезбедување присуство на лицата и за непречено водење на кривичната постапка „притвор“, и тоа спрема осомничените З.В., С.В. и Б.П.

Со оглед на сите околности на кривично правниот настан и фактот што кривичното дело останало во обид, се посочува во соопштението, за осомничениот З.З. не е поднесен предлог за определување на мерката „притвор“, туку предлог за определување мерка на претпазливост и тоа обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице односно кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

 

 

 

Извор:  Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*