Don't Miss
Home / Македонија / Наградата „Менде Петковски“ за Менде Младеновски, дописник на весникот „Нова Македонија”

Наградата „Менде Петковски“ за Менде Младеновски, дописник на весникот „Нова Македонија”

Менде Младеновски, дописник на весникот „Нова Македонија” од Битола, е добитник на наградата за дописник на годината „Менде Петковски”, која секоја година ја доделува весникот „Дневник”.

Ова значајно признание, кое се доделува во спомен на прерано починатиот дописник на „Дневник” од Битола Менде Петковски, на Младеновски му се доделува за серија текстови во 2014 година, главно посветени на случувањата во Клиничката болница во Битола.

– Во наградените прилози авторот ги третирал расплетот на случајот со починатиот пациент Јорго Ангеловски, а кој сега се наоѓа пред судски инстанции за да се утврди заради чија одговорност на овој пациент наместо инфузиски раствор му било дадено средство за дезинфекција. Освен за овој случај, Младеновски пишуваше и за други скандалозни случаи во оваа здравствена установа, како и за повеќе други теми од пелагонискиот регион, соопшти редакцијата на „Дневник”.

Младеновски е и главен и одговорен уредник на „Битолски весник”, гласило кое минатата година прослави 50 години постоење.

Наградата „Менде Петковски” ќе биде доделена по 10-ти пат и на годинашниот добитник ќе му биде врачена наскоро во Битола. Во конкуренција биле повеќе прилози од дописници на разни медиуми, информира „Дневник”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*