-Поплавите во Општините Битола, Новаци и Могила се нешто во кое не смее да има ниту политика ниту политиканство. Ова се моменти во кои сите ние треба да бидиме со граѓаните и да им помогнеме во маката што ги снашла. СДСМ со своите активисти е секаде на терен и за жал констатирана е катастрофална ситуација во домовите каде водата продрела.
На дел од граѓаните им е потребна храна, вода, хемиски средства, храна за стоката и други потребштини.
Ние денес на најзагрозените граѓани ќе им овозможиме дел од нивните потребштини, но истовремено апелираме до надлежните институции да бидат брзи со помошта за овие граѓани- изјави Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.
Б.В.