Don't Miss
Home / Македонија / На француските гробишта во Битола ќе биде изграден музеј

На француските гробишта во Битола ќе биде изграден музеј

Во комплексот француски гробишта во Битола ќе биде изграден нов музеј.

Камен темелникот на музејот беше поставен денеска во присуство на министерот за одбрана, Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани, на Француската Република Жан-Марк Тодешини.

На церемонијата во Битола, на која присуствуваа градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески,  амбасадори, конзули и други лица, беше положено цвеќе на француските гробишта и се одржаа сеќавање за Првата светска војна и жртвите од воените дејствија во периодот 1914-1918 година.

francuzi 2  francuzi 6

– Тука сум за да придонесам за продлабочување на соработката меѓу Франција и Република Македонија и да искажам посебна почит кон целото население што страдаше во војната, посебно на жителите на Битола, но и сите жители во Македонија, нагласи Тодешини.

Битола, потсети, заради покажаната храброст во Првата светска војна, заслужи да биде цитиран во воената заповед и да добие Воен Крст 1914-1918 година.

francuzi 7  francuzi 9

– Битола за време на таа војна беше погодена од голем број страшни и ужасни бомбардирања, но и покрај големите загуби, населението упорно покажувало голема смелост и непоколеблива верба за победа. Денес преку овие споменици, Битола сведочи, раскажува и пренесува и така ќе продолжи во иднина, истакна Тодешини, државниот секретар за поранешни борци и историски настани, на Француската Република.

francuzi 8

За време на престојот во Битола Тодешини отвори изложба на фотографии од фондот на браќата Манаки за Првата светска војна во Македонија, и ги одлукуваше со медал на Легијата на честа Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, почесен конзул на Франција, и со медал на националната одбрана, од златен ред, полковникот Енвер Јакупи,  поранешен македонски аташе за одбрана во Париз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*