Don't Miss
Home / Македонија / Канческа- Милевска: Морбиден обид за политизација и валкање на името на Тоше

Канческа- Милевска: Морбиден обид за политизација и валкање на името на Тоше

Министерката за култура, Елезабета Канческа- Милевска  се огласи на “фејсбук“ после објавувањето на разговорот на трибината во Универзална сала, каде се слуша како машки глас за кој СДСМ тврдат дека е министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е бесен што симпатиите на семејството на прерано починатата македонска икона Тоше Проески затоа што не се на страната на ВМРО -ДПМНЕ и бара да се укине сè што добиваат како помош од државата.

-Како жена, сопруга и мајка, и како искрен почитувач на делото на Тоше Проески сум згрозена и длабоко загрижена од обидот за политизација и валкање на неговото име и неговата фамилија.
Јас, и како човек, и како министер, во многу наврати, со конкретни дела и постапки имам демонстрирано исклучителна висока почит и конкретна поддршка за семејството на Тоше Проески, без притоа да се обидувам да градам политички поени како што тоа го прави СДСМ денес, плукајќи и сеејќи омраза.

Тоше тоа не го заслужува. Тој сите нас не научи на многу повеќе од тоа – напиша министерката за култура на нејзиниот “фејсбук“ профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*