Don't Miss
Home / Политика / Зоран Илиоски: Од митингот ќе испратиме позитивни пораки за единство

Зоран Илиоски: Од митингот ќе испратиме позитивни пораки за единство

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Битола е еден од оние општински комитети кои беа иницијатори за одржување вакви народни собири низ цела Македонија, изјави денеска на прес,  Зоран Илиоски , претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК, Битола по повод утрешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Спортската сала „Младост“ во Битола.
-Идејата произлезе од нашите членови, поддржувачи, но и од граѓаните кои постојано ни укажуваа дека чувствуваат потреба јавно да ја искажат својата поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на реформите, економски развој, подобрување на стандардот на граѓаните, инвестиции и нови вработувања и позитивна промоција на Македонија пред светот, наспроти мрачните деструктивни сценарија со кои сакаат сите да не вратат дваесет години наназад.
Како што најави и претседателот Никола Груевски, ова е дел од нашиот соодветен одговор кон СДСМ и кон сите што не и’ мислат добро на Република Македонија.

Собирот е од регионален карактер и на него се поканети и наши членови од соседните Новаци, Могила, Ресен и Демир Хисар, кои секако ќе доаѓаат со автобуси. (Доколку некој има намера да ги брои). На злонамерните скептици кои не престануваат грубо да го потценуваат и навредуваат народот , им порачуваме дека на собирот нема да се делат сендвичи, нема да има ни кафе, ни локум , ниту црни пропаганди за ширење омраза – тоа му го оставаме на СДСМ. Ние утре од тука, ќе испратиме позитивни пораки за единство , најави за нови дела со посветена работа и со чисти и искрени срца, со што сите заедно ќе покажеме како вистински се сака Македонија- посочи лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*