Иницијатива, како што истакна Зоран Илиоски, претседател на ОК, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е од оној момент кога оние што не и мислат добро на Македонија, во сојуз со партиската врхушка на СДСМ почнале да објавуваат креирани и нелегални прислушувани разговори за да го подријат целиот систем и угледот на државата.
Од самиот почеток граѓаните се обратиле до нив и барале да им овозможат јавно да ја искажат својата поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на реформите, економски развој, повисок стандард за граѓаните, инвестиции, нови вработувања и позитивна промоција на Македонија пред светот.
-Тие си мислат ќе бидеме деструктивни, ќе вадиме креирани разговори, ќе исплукаме и оцрниме се’ што е вредно во државата и ќе дојдеме на власт. И уште за сето тоа го киднапираа, узурпираа и злоупотребија зборот Вистина.Тие ќе ни ја кажеле Вистината за Македонија.Прво за да можеш да се размафтуваш, тукутака со Вистината треба самиот да си вистинитата нивната таканаречена „вистина“ се темели на лаги, подвлече Илиоски.
Лицето Зоран Заев ги излажал пријателите од надвор дека е способен, дека има капацитет да го истурка нивното мрачно сценарио.
Оркестрираните поддржувачи: невладини организации и соросоидни медиуми ги излажале своите странски финансиери дека милионите евра што ги фрлаат за нивната валкана пропаганда, имаат ефект.
-Овде во Битола, локалното раководство на СДСМ ја лаже централата на Бихаќка дека имаат поддршка, дека се на терен, дека божем нешто работат, дека луѓето им веруваат. Ете, ние работиме, имаме поддршка. Е ако вистина е така, ние сме постојано меѓу граѓаните, како не ги сретнавме барем еднаш, како не се разминавме. Ама тие не сакаат дури ни тоа да го сработат, туку го лажат и Заев дека сработиле, додаде тој.
Илиоски подвлече дека токму така функционира нивната „вистина“, дека сами се лажат и сами си веруваат. Со тоа го навредуваат народот, го гледаат само тоа што ним им одговара.
-За нив сите вие овде во салата сте невидливи, не сте овде. Велат дека вие тука сте дојдени заради сендвичи, дека сте со сила донесени од работа, ве прават наивни, заведени, глупави. Како тие да не се од овој народ, како да живеат на друга планета. Ете толку се оддалечиле од сопствените граѓани и после се чудат зошто губат на избори со толкава разлика, додаде тој.
СДСМ наместо програми и конструктивни предлози,троши време и пари на печатење и делење лажни, црни пропагандни материјали, преполни со омраза, гнев и фрустрации.
Нивните очи, заклучи тој, им се црвени и потечени, но не од пишување програма туку од деноноќно слушање туѓи разговори. Со тоа како што додаде го вртат народот против нив.
-Малку им е што ја држат партијата во заложништво туку сега сакаат да ја киднапираат и целата држава да ни ја продадат иднината, само за да се доберат до власт. Политичката борба е борба на идеологии, концепти, програми и конкретни политики. Ништо од тоа кај СДСМ не видовме, истакна тој.
Илсиоки истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш размислува за тоа дали може да направи нешто повеќе: дали прво да се асфалтира оваа улица или онаа, дали кружните текови се вистинското решение за сообраќајниот метеж, како да се реши проблемот со загадувањето во Битола, како да привлечат повеќе инвеститори во Индустриската зона Жабени и на било каков начин да обезбедат што повеќе нови вработувања.
-Да отвориме нови градинки за нашите деца, соодветна услови за згрижување на старите, современа и ефикасна здравствена заштита за сите. Да го заживееме туризмот на Пелистер, да го вратиме скијањето или да обезбедиме најдобро решение за реконструкција на Планинарскиот дом Копанки. Да ја довршиме инфраструктурата во битолската касарна, да обезбедиме повеќе станови за новите генерации. До сега е направено многу, но уште повеќе допрва не очекува, додаде тој.
Со ова, истакна Илиоски се стремат за подобар живот за сите граѓани.
-И сега некој сака да не спречи во тоа, да извалка се’ што е до сега сторено, да го забави развојот, да не врати назад, да ја оцрни Македонија пред светот. Наместо да продолжиме да работиме и да сработиме, тие сакаат сега да се занимаваме со нив, да губиме време на нивните валканици, затоа што немаат друга идеја, уште валканиците им останаа и тоа им е последно, потенцираше Илиоски.