Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да донесе што повеќе странски инвестиции во земјава, а целта на Заев и Шекеринска е да донесат што повеќе странски разузнавачки служби, рече Милошоски во Битола.
Ова што ни случува денес, оваа поддршка праќа една порака. Тие што сакаа да нè разделат тие нè сплотија, тие што сакаа да нè рaскараат нè смирија. ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и така ќе продолжи во иднина – истакна пратеникот Антонио Милошоски, на собирот во Битола.
Тој истакна дека: Четириесет и пет дена двоецот Заев-Шекеринска се обидуваат да создадат конфликт и раздор.
– Уште 145 дена да продолжат нема да им успее да ја нарушат стабилноста на ВМРО-ДПМНE и на Македонија и нема да нè спречат да работиме со дела за нашата Mакедонија – рече Mилошоски.
Тој праша „зошто опозицијата го прави тоа?“
– Затоа што припаѓаат на групата политичари кои мислат дека Народот е во право дури и кога греши. Но, ние сме секогаш со народот кој е во право и кој ни ја дава поддршката. Разликата е во нашите цели и во нашиот начин на работа – рече Милошоски.
Тој додаде: – Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да донесе што повеќе странски инвестиции во земјава, а целта на Заев и Шекеринска е да донесат што повеќе странски разузнавачки служби.
– Нашата цел е да го слушаме гласот на народот, а нивна цел е да го прислушуваат народот – истакна Милошоски на народниот собир во Битола.