На ваквите обвинувања од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ каде категорично ги отфрлаат обвинувањата за политичка боја на опожарувањето на возилата велат:
-СДСМ го допре дното. Во немањето на идеја СДСМ како да го мобилизира своето членство, си игра, шпекулира во јавноста со приватни, неразјаснети случаи на палење на возила. Ја предупредуваме СДСМ во Битола, дека на овој начин се приклучуваат кон опасните сценарија на Зоран Заев за ширење гнев и омраза меѓу сопствените граѓани. Во Битола живеат цивилизирани луѓе, пред се битолчани, а дури потоа членови на политички партии- рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Благој Шаклевски.
Б.В.